
Италијанскиот тренер Антонио Конте оваа сезона беше без клуб, но наскоро ќе ја официјализира новата работа. Како што пишуваат медиумите во Италија, тој е сѐ поблиску до потпишување договор со Наполи.
Аурелио де Лаурентис долго размислуваше да тргне во авантура со трофеен тренер, но очајните резултати по шампионската сезона го принудија контроверзниот претседател да се откаже.
Италијанските медиуми понатаму пренесуваат дека Ромелу Лукаку исто така дби можел а пристигне со Конте во Неапол.
Позајмицата на Белгиецот во Рома истекува, а Челси не планира да го врати на „Стемфорд бриџ“. Тој сака повторно да соработува со Конте, а Наполи сигурно ќе бара замена за Виктор Осимен кој ќе го напушти стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Лукаку и Конте работеа заедно во Интер, со кој го освоија италијанското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
