
Германскиот ас Тони Крос одлучи да стави крај на кариерата по завршувањето на Европското првенство. Тој вечерва ќе го има својот последен меч во дресот на „кралскиот клуб“ на „Сантијаго Бернабеу“ кога Реал ќе го пречека Бетис.
Крос откри и една анегдота, дека сите во Реал Мадрид се тажни за неговото простување, но не и Раул Гонзалес. Тој е „среќен“ бидејќи отсега Крос ќе може да игра за ветераните на Реал Мадрид.
„Кога вчера го напуштав тренингот, Раул беше пред базата. Ми кажа дека на почетокот не му се допаднала мојата одлука, но потоа најде нешто позитивно бидејќи сега ќе можеме да играме заедно на натпреварите на клупските легенди. Ми рече дека треба да бидам во составот и да ги засилам. Зад него ќе играме јас и Зизу, десно Фиго, а во одбраната Роберто Карлос. Тоа би било забавно“, изјави Тони Крос.
Германецот последниот меч за Реал Мадрид ќе го одигра на 1 јуни против Борусија Дортмунд на „Вембли“ во финалето на ЛШ, а потоа ќе игра и за националнот тим на ЕВРО 2024.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
