Прославениот италијански фудбалер Леонардо Бонучи (37) размислува да стави крај на својата играчка кариера, пишуваат медиумите на Апенините.
Членот на Фенербахче минатата зима пристигна во Истанбул од германскиот бундеслигаш Унион Берлин, а во дресот на турскиот великан забележа 12 настапи со прилично ограничена минутажа, особено во домашниот шампионат.
Од неговото второ заминување од Јувентус во септември минатата година, стана јасно дека Бонучи веќе не е на највисокото ниво на игра, го попречуваа повредите, па оваа одлука не е премногу за изненадување, кога ќе се земат предвид сите фактори.
За време на неговата професионална кариера, Бонучи играше за Интер, Тревизо, Пиза, Џенова и Бари пред да му се приклучи на Јувентус во 2010 година и да стане нераскинлив одбранбен тандем со Џорџо Киелини.
Седум години по пристигнувањето во Торино, искусниот дефанзивец се пресели во Милан, за по само една година да се врати во Јуве, каде што играше уште пет сезони.
Во дресот на италијанската репрезентација одигра 121 натпревар и постигна осум гола, а со „аѕурите“ стана и шампион на Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













