Емотивен последен ден од сезоната имаше менаџерот на Арсенал, Микел Артета. По победата на „Емирати“ над Евертон од 2-1, менаџерот им се обрати на навивачите на стадионот. Арсенал, сепак, не успеа во трката за шампионската титула и го освои второто место, со два бода заостанување зад Манчестер Сити.
Тимот направи почесен круг како знак на благодарност до поддржувачите.
„Сето ова се случува затоа што вие навивачите почнавте да верувате во нас, почнавте да бидете трпеливи и да верувате во она што го правиме. Целата заслуга е на играчите“, сподели Артета.
„Во моментов е време да одиме на заслужена пауза, но и да гледаме наназад на она што го направивме, мора да бидеме подобри, мора да победуваме на секој нареден натпревар“, истакна менаџерот на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













