Манчестер Сити се надева дека ќе стигне до четвртата шампионска титула во серија, а Арсенал посакува Вест Хем да не загуби на „Итихад“, па со триумф над Евертон првпат по две децении да го освои трофејот во Премиер-лигата.
„Граѓаните“ имаат два бода предност пред Арсенал во пресрет на последното коло и јасно е дека има многу надежи, но и стравувања и во Манчестер и во Лондон.
Ливерпул пред неколку кола ја загуби трката за титулата, но и на „Енфилд“ денеска ќе биде супер-емотицно, затоа што заминува менаџерот Јирген Клоп, кој против Вулверхемптон за последен пат ќе го предводи тимот на „црвените“. Вече е познат неговиот наследник, тоа е Арне Слот, кој досега го водеше Феенорд.
Пеп Гвардиола знае дека нема да биде лесно и дека неговите фудбалери ќе бидат под голем притисок.
„Никогаш не е лесно во последниот натпревар, а титулата е во прашање. Да, и јас би сакал брзо да постигнеме три гола, но ние имаме максимален респект за Вест Хем, тие се одличен тим и ќе мора многу да се намачиме за да стигнеме до целта“, изјави Пеп Гвардиола.
Микел Артета, кој во минатото беше негов асистент во Сити, сега се надева дека „граѓаните“ ќе кикснат, а Арсенал со триумф над Евертон ќе успее да слави шампионска титула.
„Се надевам дека ќе победиме и потоа ќе се случи нешто убаво. Максимално сме фокусирани и го исчекуваме последното коло од Премиер-лигата. Моите момци ја заслужуваат титулата“, изјави Микел Артета.
Последното коло од Премиер – лигата се игра денеска, со почеток во 17 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













