Легендата на Арсенал, Тиери Анри, ги сподели своите очекувања за трката за титулата во Премиер – лигата. Манчестер Сити води со два бода предност во однос на „топчиите“ пред последното коло и ќе мора да го добие последниот натпревар со Вест Хем. Лондончани, пак, мора да го победат Евертон доколку сакаат да се надеваат дека ќе ги оттргнат „граѓаните“ од првото место, но ќе треба да чекаат и „кикс“ на тимот на Пеп Гвардиола.
Сепак, според Французинот, вакво сценарио е малку веројатно.
„Сѐ е во рацете на Сити. Сум видел како го прават тоа многупати досега. Голот на Агуеро пред години, победата против Тотенхем пред денови, никогаш не сум ги видел да пропаднат во големите моменти. Тешко ми е да поверувам дека ова ќе се случи токму сега иако навивачот во мене постојано вели: „Еј, никогаш не знаеш што ќе се случи“, истакна Тиери Анри.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













