
Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер. На „Бернабеу“ сѐ повеќе размислуваат за освежување на средниот ред со оглед на возраста на Лука Модриќ и на Тони Крос. Последните информации тврдат дека двајцата фудбалери би сакале да останат во Мадрид уште 12 месеци, но сепак клубот размислува за иднината и поради оваа причина фрлил око на аргентинскиот интернационалец, тврди „CaughtOffside“.
Мекалистер (25) имаше многу добра сезона во дресот на Ливерпул. Тој беше меѓу најдобрите играчи за врска во Англија, одигра вкупно 45 натпревари во сите натпреварувања, на кои забележа шест гола и седум асистенции.
Доколку Крос и Модриќ повторно потпишат и останат уште една сезона на „Бернабеу“, тоа исто така може да го одложи потенцијалното потпишување на Мекалистер до следното лето. Сепак, доколку некој од нив си замине, „кралскиот клуб“ ќе ги насочи силите кон привлекување на Аргентинецот како негова замена.
Реал Мадрид ќе мора да подготви сериозна сума за да го убеди Ливерпул да се раздели со овој играч. „Црвените“ му платија на Брајтон 42 милиони евра за него минатото лето, но неговата цена сега е речиси двојно зголемена и изнесува околу 70 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
