
Старо-новиот шампион Струга Трим Лум го пречека Шкупи на прослава на титулата и крајот го заокружи со пораз (1-2). Хамза Рамани во деветтата минута обезбеди предност за Шкупи, а израмни Буњамин Шабани во 30.минута. На почетокот на вториот дел, Емануел Аворнио обезбеди нова предност за Шкупи (1-2).
Шкендија се најде на второто место и обезбеди пласман во Европа откако победи против Работнички со 0-2 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Ендрит Красниќи во 34.минута ја доведе Шкендија во водство, а во вториот дел триумфот го потврди Аганспахиќ.

Вардар ќе игра бараж за да го сочува прволигашкиот статус, а шампионатот го заокружи со реми против Тиквеш (2-2). За „црвено-црните“ стрелаа Николовски и Шушњара, а головите за Тиквеш ги постигнаа Пузиревскис и Даноски.
Брера ја победи Македонија ЃП со 5-3. Ѓорѓе Ивковиќ донесе водство за Брера, но потоа Македонија ЃП постигна два гола преку Никола Величковски и Кеит Ларсон. Во вториот дел, вистинска голеада и пресврт, а Мато беше стрелец на хет-трик.
Брегалница се прости од елитата со дуелот против Силекс (1-1). Филип Стојчевски во втората минута донесе предност за штипјани, а израмни Давид Манасиевски во 84.минута од мечот.
Воска Спорт и Гостивар во Охрид одиграа 1-1. Алекса Марушиќ го потврди статусот најдобар стрелец со голот во 56.минута, а израмни Рејан Абази во 79.минута.
ПРВА ЛИГА, 33.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ШКУПИ 1-2
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-2
ВАРДАР – ТИКВЕШ 2-2
БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП 5-3
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 1-1
ВОСКА СПОРТ – ГОСТИВАР 1-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
