
Јирген Клоп утре за последен пат ќе го предводи Ливерпул и ќе замине од менаџерската позиција, а неговото место ќе го заземе Арне Слот, досегашниот тренер на Феенорд.
Германецот имаше фантастични резултати со Ливерпул во изминатите девет години, успеа да освои трофеј и во Премиер – лигата и во Лигата на шампионите, па легендата на клубот, Стивен Џерард смета дека заслужил да му биде подигната статуа пред „Енфилд“.
„Една ера е при крај и се надевам дека раководството на клубот ќе почне да гради статуа за Клоп. Тој е голема клупска легенда и заслужува такво нешто“, изјави Џерард.
Ливерпул во последното коло ќе го пречека Вулверхемптон на „Енфилд роуд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
