Connect with us

Давид Раја ја доби наградата „Златна ракавица“ за најдобар во Премиер-лигата

Голманот на Арсенал, Давид Раја, е награден со „Златна ракавица“, која се доделува на голманот со најмногу „чисти мрежи“ во Премиер – лигата. На 31 првенствен натпревар, Шпанецот ја сочува мрежата 16 пати, со 66% на одбранети удари.


Раја е недостижен на врвот и поради таа причина му беше врачена награда денеска, а не по последниот натпревар во сезоната. Цврсто на втората позиција е голманот на Евертон и Англија, Џордан Пикфорд, кој досега има 13 „чисти мрежи“. Бернд Лено и Едерсон моментално го делат третото место со по 10 мечеви на кои не примија гол.

Арсенал е и тимот со најмалку примени голови во Премиер – лигата оваа сезона, благодарение не само на Раја, туку и на одличната игра на дефанзивците Габриел Магалјаеш и Вилијам Салиба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови