
На денот кога Јирген Клоп ја одржа својата последна прес-конференција како менаџер на Ливерпул, неговиот наследник Арне Слот официјално го потпиша својот договор со „црвените“. Според медиумите на Островот, сите документи се веќе готови и парафирани и многу наскоро веста ќе биде официјално објавена.
Тоа ќе се случи кога ќе одлучи клубот, најверојатно веќе следната недела. Некои членови од неговиот стручен штаб сѐ уште не ги добиле работните дозволи во Англија, па чекаат да се реши и тоа и тогаш конечно сѐ ќе биде подготвено за промоција на новиот менаџер.
Пред извесно време англиските медиумите открија дека Ливерпул ќе му плати отштета на Феенорд во висина од 9,4 милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
