Connect with us

Иско е голем малер: Доби повик за ЕВРО 2024, но ќе го пропушти поради повреда

Иско (32) направи голем пресврт оваа сезона и го игра можеби најдобриот фудбал во животот во Бетис, за кој на 36 настапи постигна девет гола и додаде седум асистенции.

Неговите игри се особено забележливи кога се знае дека на дури 19 натпревари е прогласен за најдобар на теренот, па природно беше да биде повикан од селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, за претстојното Европско првенство.

За жал, Иско нема да може да одговори на повикот.

Прегледите денеска потврдија дека играчот на Бетис се здобил со пукнатина на фибулата на натпреварот против Лас Палмас, која мораше да ја напушти во 39. минута.

Шпанскиот фудбалер ја напушти клиниката со патерици, сѐ уште не се знае дали ќе биде опериран, но сигурно е дека ќе го пропушти Европското првенство во Германија.

Во текот на репрезентативната кариера Иско одигра 38 натпревари и постигна 12 гола, а стандарден беше и во деветте години поминати во Реал, по што одигра една полусезона за Севилја.

Тој беше дел од репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство во Русија 2018 година, но досега не се појавил на континенталното натпреварување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови