Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Џулијан Нагелсман, изненади што не повика голем број познати играчи за ЕВРО 2024, чиј домаќин е Германија. Никлас Суле, Матс Хумелс, Леон Горецка, Серж Гнабри, Тимо Вернер, Карим Адејеми, Робин Хек, Брајан Гуда, Јонас Хофман и други не се најдоа на списокот од 26 играчи за ЕП.
Но, Нагелсман, освен со тие што не ги покани, ги изненади и тие што ги покани во националниот тим. Сосема неочекуван повик доби Александар Нубел (27), голманот на Баерн кој е на позајмица во Штутгарт.
„Веќе планирав одмор и резервирав сафари во Танзанија, но со големо задоволство ќе го откажам. Следната година ќе одам во Африка“, изјави воодушевениот Нубел.
Во Баерн дојде од Шалке, како и неговиот славен претходник. Сепак, тој не можеше да се докаже крај Мануел Нојер, па Баерн го испрати на позајмица прво во Монако, а потоа и во Штутгарт.
Мануел Нојер и Марк-Андре Тер Штеген ќе бидат првите двајца голмани на Германија на ЕП. Покрај Нубел, тука е и Оливер Бауман од Хофенхајм, но се очекува да испадне од конечниот список.
Германија на ЕВРО 2024 е во група со Шкотска, Унгарија и со Швајцарија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













