
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо го зазеде првото место во рејтингот на најплатените спортисти во светот според истражувањето на популарниот магазин „Форбс“, кое е направено за тековната 2024 година. Рангирањето може да се види на официјалната страница на магазинот и се заснова на пријавени приходи од договори, како во клубовите, така и од имиџ-правата и продажбата на реклами.
Напаѓачот на саудискиот клуб Ал-Наср за една година има заработено 260 милиони долари, од кои 200 милиони се неговата нето добивка во клубот, а останатите 60 милиони се од рекламни договори.
„Форбс“ забележува дека таква сума е вкупен рекорд за еден фудбалер, а самиот Кристијано Роналдо по четврти пат е на чело на рангирањето.
Cristiano Ronaldo lands at No. 1 on our World's Highest-Paid Athletes list for the second consecutive year, and fourth time in his career, nearly doubling his own record for soccer player earnings set last year. https://t.co/C9JDtzdaUB pic.twitter.com/pZ7Tm7d2Su
— Forbes (@Forbes) May 16, 2024
Второто место меѓу најплатените спортисти го зазема шпанскиот голфер Џон Рам, чија заработка е во износ од 218 милиони долари. На третото место е добитникот на „Златната топка“, Лионел Меси.
Фудбалерот на Интер Мајами може да се пофали со 135 милиони долари на сметките за годината.
Во топ 10 се најдоа и НБА играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, со 128,2 милиони долари, кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо со 111 милиони долари, како и уште тројца фудбалери, еден кошаркар и еден НФЛ играч.
Шестото место му припадна на Килијан Мбапе. Францускиот офанзивец, кој на крајот на сезоната го напушта Пари Сен Жермен и најверојатно ќе го засили Реал Мадрид, заработи 110 милиони американски долари за 2023 година.
По него следуваат Нејмар, фудбалер на саудискиот Ал-Хилал, со 108 милиони, Карим Бензема, францускиот ас кој игра за Ал-Итихад со 106 милиони, како и Стеф Кари и Ламар Џексон.
Стеф Кари, кошаркар на Голден Стејт Вориорс доби 102 милиони, а топ 10 го затвора двократниот играч на сезоната во НФЛ, бекот на Балтимор, Ламар Џексон, со 100,5 милиони долари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
