
Ова е прва сезона за Баерн Минхен по 12 години, односно по 2011/12 година, во која не освои ниту еден трофеј. Во Бундес – лигата е на второто место зад новиот шампион Баер од Леверкузен, кој стави крај на 11-годишната доминација на минхенскиот клуб во германскиот шампионат. Во осминафиналето на Купот на Германија шокантно беше елиминиран од третолигашот Сарбрикен, додека Реал Мадрид го исфрли во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Тренерот Томас Тухел треба да го води тимот до крајот на сезоната, а потоа да си замине, иако неговиот договор е со важност до летото 2025 година. Баварците веќе со месеци бараат нов стратег, но по бројните одбивања постои можност Тухел да остане на клупата.
Лотар Матеус (63), легенда на Баерн Минхен и германскиот фудбал, смета дека идејата да се задржи Тухел е симбол на хаосот во клубот.
„Го почитувам Томас Тухел и неговите квалитети. Но, тие го згазија, особено Ули Хенес. Баерн размислува да го задржи и тоа покажува каков хаос владее во клубот. Баерн испраќа сомнителна слика во светот”, изјави Матеус.
„Од гледна точка на Тухел, велам дека тој не треба да остане во Баерн. Тој би имал други опции да работи во врвни европски клубови“, додаде Матеус, добитник на „Златната топка“ во 1990 година, кој одигра 410 натпревари за Баерн во 1980-тите и 1990-тите и освои 15 трофеи со клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
