
Еден од двајцата спортски директори на Интер, Дарио Бачин, потврди дека клубот летово ќе ги ангажира како слободни играчи играчот од средниот ред на Наполи, Пјотр Зиелински и напаѓачот на Порто, Мехди Тареми.
„Овој состав се претстави многу, многу добро, така што ќе треба да направиме што е можно помалку промени. Горди сме што привлековме двајца играчи како Зиелински и Тареми во нашиот тим. Горди сме што не избраа нас. Ќе има некои психолошки промени, но ќе работиме на тренерот да му дадеме функционални играчи. Сакаме нашиот проект да биде успешен и во иднина“, коментираше Бачин за „Скај Спорт Италија“.
Тој исто така појасни дека Интер нема да потпише со напаѓачите на Манчестер Сити и Џенова, Хулијан Алварез и Матео Ретеги, иако клубот навистина имал интерес за нив.
„Тоа се две имиња што нема да негирам дека сме ги следеле во минатото. За да функционира одредена операција, многу параметри мора да се соберат во вистинско време, вклучувајќи ја и интеграцијата на играчите во тимот. Ни се допаднаа, но поради низа причини не беше можно да потпишеме со нив“, увери директорот на „нероаѕурите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
