Connect with us

Болоња преговара со Маурицио Сари

Италијанскиот калчолигаш Болоња оваа сезона бележи фантастични резултати, но речиси сигурно ќе остане без тренерот Тијаго Мота по завршувањето на сезоната. Тој е договорен да го замени Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус.


Затоа, Болоња, за да продолжи да постигнува завидни резултати, мора да најде соодветна замена за него, а како што пренесува „Газета дело спорт“, идејата на првиот човек на клубот Џои Сапуто е во универзитетскиот град да го доведе Маурицио Сари.

Искусниот стручњак е без работа откако си замина од Лацио, секако дека добро ги познава сите услови во италијанскиот фудбал, а Болоња би му дала одреден буџет и целосна автономија околу трансфер политиката.

Доколку навистина се случи ангажманот на Маурицио Сари, тогаш ќе биде навистина интересно на стадионот „Ренато дал’ Ара“ и следната сезона.

Доколку не падне договор со Маурицио Сари, Болоња размислува и за Винченцо Италијано и за Рафаел Паладино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови