
Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Ханси Флик, повеќе не е меѓу кандидатите да го води тимот во новата сезона. Ова стана јасно по состанокот на Надзорниот одбор на Баварците одржан синоќа.
Со Флик на кормилото, Баерн Минхен имаше фантастична сезона пред четири години, а „шлаг на тортата“ беше освојувањето на Лигата на шампионите. После тоа, сепак, стратегот потфрли во германската репрезентација, што доведе до сериозна загриженост дека неговото евентуално враќање на „Алијанц Арена“ нема да биде успешен потег.
Германскуте медиуми истакнуваат дека во оваа фаза Ханси Флик е надвор од листата на опции за нов тренер на Баерн. Фаворит за функцијата останува Роберто Де Зерби, кој има договор со Брајтон до 2026 година.
Сѐ уште има мала можност Томас Тухел да ја продолжи работата во германскиот гигант. Двете страни се договорија да се разделат по крајот на сезоната, но еден од директорите на клубот, Макс Еберл, во секоја изјава нагласува дека оваа одлука е донесена пред неговото назначување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
