
Реал Мадрид ја освои шампионската титула во Ла Лига и се подготвува за финалето на Лигата на шампионуфе каде ќе се сретне со Борусија Дортмунд. Раководството на клубот, сепак, размислува и за играчкиот кадар.
Челниците на „кралскиот клуб“ решија да му понудат нов договор на 32-годишниот десен бек Дани Карвахал.
И покрај тоа што тој има договор до летото 2025 година, односно до крајот на следната сезона, Реал Мадрид веќе сака да го продолжи договорот со него.
„Релево“ пишува дека Реал Мадрид е воодушевен од неговите игри, а и покрај тоа што има 32 години, веруваат дека сега е на врвот на кариерата.
Тој во Реал Мадрид пристигна во 2013 година од Баер Леверкузен за шест и пол милиони евра и брзо се наметна како стандарден првотимец.
Досега има забележано 413 настапи за „кралевите“. Во досегашните 11 сезони постигна 12 гола и забележа 64 асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
