Connect with us

Секс скандал го тресе исландскиот фудбал, претседателот на Федерацијата си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалската федерација на Исланд, Гудни Бергсон, вчера си пoднесе оставка со што кулминираше скандалот околу обвинувањата за сексуални напади од репрезентативци за кои раководството на дедерацијата знаело, но ги премолчувало или дури се обидувало да ги затскрие.

Бергсон си поднел оставака по долгата седница на Управниот одбор на Федерацијата откако медиумите го објавија случајот на девојка која тврди дека била жртва на сексуален напад од репрезентативец на Исланд.

Тврди дека пријавила во полиција и дека била информирана и Федерацијата. Девојката раскажува дека двапати била контактирана од адвокати испратени од Федерацијата. Еднаш и било понудено да потпише договор тајност и да биде исплатена, а вториот пат и била договорена средба со репрезентативецот кој ја нападнал на која тој и се извинил во ниту еден момент не ги негирал нејзините тврдења.

Дополнително раскажува дека познава уште една девојка која била нападната од истиот играч. Уште и тврди дека има шест или седум случаи на сексуални напади од репрезентативци. Според информациите од медиумите во Исланд се работи и за поранешни и за актуелни членови на националниот тим.

Оставката на претседателот на Федерацијата доаѓа неколку дена пред продолжението на квалификацискиот циклус за СП во Катар во 2022 година. Исланд е во групата со репрезентацијата на Македонија и меѓусебниот дуел во Рејкјавик е закажан за 5. септември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови