
Пред 22 години, на почетокот на мај 1999 година, тогаш 21-годишниот Џиџи Буфон го освои првиот трофеј во својата кариера. Тој го освои Купот на Италија бранејќи одлично на голот на Парма. Негови соиграчи беа Лилијан Турам, Фабио Канаваро, Хуан Себастијан Верон, Марио Станиќ, Хернан Креспо и Енрико Киеза, чиј син Федерико тогаш имаше година и пол.
Буфон синоќа, 22 години подоцна, го освои шестиот куп-трофеј во кариерата бранејќи го голот на Јувентус и со тоа стана италијански рекордер. Малиот Федерико Киеза сега е негов соиграч кој постигна гол против Аталанта за триумфални 2-1.
Киеза јуниор беше прогласен за играч на натпреварот, а потоа најмногу зборуваше за неверојатниот соиграч кој го напушта Јувентус на крајот на сезоната на 43 години
„Му реков пред финалето, Џиџи, ти го освои овој трофеј со мојот татко. Сега ќе го сториш тоа и со мене. Многу ќе ни недостасува, тој е легенда“, изјави Федерико Киеза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ардон Јашари потпишува за Милан

Прва лига
Брера се засили со Босанецот Макиќ

Интернационалци
Игор Ангеловски ќе биде тренер на Приштина?
