Мохамед Ихатарен, фудбалер на Јувентус, кој беше позајмен на Сампдорија за тековната сезона, наводно не сака да се врати во Италија. 19-годишниот играч за врска, кого Јувентус го купи од ПСВ за сума од скоро 2 милиони евра во текот на летниот трансфер период, не одговара на повиците.
Нема ниту трага, ни глас од Ихатарен, чиј агент е никој друг освен Мино Раиола. Младиот играч се вратил во родната Холандија, односно заминал за Утрехт на 12 октомври поради семејни причини. Оттогаш, неговиот актуелен клуб губи секаков контакт со него. Дури и обидот на претседателот Масимо Фереро да го коктактира својот фудбалер, бил неуспешен.
За работите да бидат почудни, Ихатарен, сепак, не бил забележан никаде во близина на областа Утрехте Вехт, каде што живее неговото семејство, тврди “Ла Газета дело Спорт”. Инаку, по самото пристигнување во клубот од Џенова, медицинскиот персонал не беше импресиониран од Ихатарен, а наводно се верува дека причината за тоа е прекумерната тежина од пет килограми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













