Connect with us

Звонимир Бобан: Смешен е заговорот дека УЕФА му возвратила на Борис Џонсон за Суперлигата

Легендарниот хрватски репрезентативец, поранешен играч и менаџер на Милан, Звонимир Бобан, моментно одговорен за фудбалот во УЕФА, зборуваше за „Газета дело Спорт“ за утрешното финале меѓу Италија и Англија. Тој ги расчисти дилемите околу некои теории на заговор, но и објасни кој има повеќе шанси во големото финале.


„УЕФА мораше да му врати нешто на Борис Џонсон за разбивањето на Суперлигата? Смејте се. Смешно е само размислувањето дека УЕФА фаворизира некоја селекција. Теории на заговор отсекогаш постоеле, но оние што живеат со фудбалот знаат дека ќе биде чисто финале“, вели Бобан.

Италијанците ќе ја предизвикаат Англија на „Вембли“. Какви се нивните шанси да стогнат до трофејот…

„Италија – нејзината сила е во колективниот дух, го видовме тоа. Но, сите се сомневавме на почетокот. Квалитет на селекцијата можеби и не е како од периодите на најдобрата Италија. Но, тука е ремек-делото на Роберто Манчини. И играчите покажаа ментална сила, тимски дух и невообичаена способност да решаваат различни ситуации. Шампион е Донарума. Потоа Киеза. И на крајот – крицијално, Жоргињо“, објаснува Звонимир Бобан.

Англија ќе биде домаќин и сака конечно да го грабне европскиот пехар.

„Англичаните ги немаат дриблинзите и креативност на „аѕурите“, па затоа мораат да го негуваат сопствениот стил. Англија не е Шпанија, но тие имаат значителна физичка сила и во игра „еден на еден“ беа доминантни. Многу зависи од формацијата на Саутгејт, но очекувам да нема големи промени“, анализира Хрватот.


Тој го прокоментира и пеналот над Рахим Стерлинг со кој Англичаните ја елиминираа Данска во полуфиналето.


„Сомнителна одлука, не може да се негира, но не и скандал како што велат некои задолжени за коментирање. Жално е што сенката падна на таков момент и што некои го доведоа во прашање судијата чија арбитражата беше фантастична. Макели беше убеден дека донел правилна одлука“, истакна Звонимир Бобан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови