Ултрасите на ПСЖ ги напуштија трибините на „Паркот на принцовите“ на 15 минути пред крајот на натпреварот против Ленс, на кој тимот и официјално ја освои титулата, а целиот стадион беше празен десет минути по натпреварот.
„Атмосферата е засрамувачка“, рече капитенот Маркињос за прославата на титулата. „Фудбалот е нашата страст. Се трудиме да се забавуваме што е можно повеќе. Штета е што нема да биде со навивачите, но мораме да се справиме со тоа“, додаде тој.
Играчот од средниот ред, Марко Верати не го разбира предвременото заминување на навивачите.
„Навивачите кои не славеа? Тоа е нешто што не го разбирам. Тоа е фудбал, понекогаш победуваш, а понекогаш губиш. Ние сме нормални луѓе и може да згрешиме. Знам дека беа разочарани од елиминацијата од Реал Мадрид, но после некоја точка едноставно треба да продолжиш понатаму“, изјави Верати.
ПСЖ на крајот на сезоната треба да го напушти Килијан Мбапе, кој е блиску до заминување во Реал Мадрид како слободен агент, додека Нејмар, Маркињос и Џанлуиџи Донарума најавија дека ќе останат во Париз.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal