
Фудбалерите на Баерн Минхен се незадоволни од тренерот Џулијан Нагелсман, пишува „Билд“. Според изворот, играчите чувствуваат дека стратегот лошо раководи на натпреварите каде што тимот резултатски се мачи.
Покрај тоа, фудбалерите не сакаат тимска ротација и замени за време на натпреварите. Нагелсман му ветил на Џамал Мусијала место во стартниот состав за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер (2-0), но го остави играчот од средниот ред на клупата за резерви. Младиот талент ја прифатил одлуката на тренерот, но го изразил своето разочарување во разговор со челниците на клубот.
Ѕвездите на Баерн се незадоволни од однесувањето на Нагелсман. Неговата прекумерна импулсивност во говорите доведува до неизвесност во тимот, пишува „Билд“.
Нагелсман е на чело на Баерн од јули 2021 година. Тимот е трет на табелата во Бундес – лигата со 16 бода од девет натпревари. Тоа е најлошиот старт на Баварците во една сезона во последните 12 години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
