Connect with us

Ѕвезда на Челси не сака да игра за Англија поради расистички навреди

Калум Хадсон-Одои (20) од Челси размислува да стави крај на настапите за Англија и да започне да игра за репрезентацијата на Гана. Причина за ова се расистичките навреди кои ги добија Бакајо Сака, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо поради промашени пенали во финалето на ЕВРО. Тие добија над 12.500 расистички навреди преку социјалните мрежи.


Хадсон-Одои размислува за промена на националниот тим. Ѕвездата на Челзи не сака да го доживее истото како Сака, Санчо и Рашфорд.


Тој би играл за земјата во која е роден, а неодамна ја посети Гана. Таму доби покана да игра за репрезентацијата на Гана.


Напаѓачот на Челси има три настапи за Англија, но сепак има опција за промена, под услов да не игра повторно за гордиот Албион.


Хадсон-Одои ќе мора да почека до ноември следната година затоа што правилата на ФИФА дозволуваат промена на националниот тим кога ќе поминат три години од последниот настап за една репрезентација.

Хадсон-Одои последен пат играше за Англија во 2019 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови