
Англискиот премиерлигаш Ливерпул настојува да го ангажира шпанскиот репрезентативец и фудбалер за врска од Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. Клубот од „Енфилд“ активно работи на доведување на нов дефанзивен играч од средниот ред, кој ќе биде првото засилување за Ливерпул ова лето. Досега, единствено Ливерпул од сите тимови во Премиер – лигата сè уште не има ново пополнување во овој трансферен прозорец.
Откупната клаузула во договорот на Зубименди е 60 милиони евра. Ливерпул ќе се обиде да преговара за пониска сума, но тоа ќе биде тешка задача. Понатаму, „црвените“ треба да го убедат 25-годишниот европски шампион со Шпанија да го избере нивниот клуб како следна дестинација.
Зубименди привлекува интерес и од други клубови во Премиер – лигата, вклучувајќи го и Арсенал. Барселона, пак, се обидува да го доведе Зубименди уште од минатото лето.
Зубименди беше резервен играч на Родри за време на Европското првенство, но се истакна во финалето против Англија, кога го замени повредениот ас на Манчестер Сити на полувремето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи се засили со Ринор Ајдини

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски погоди и вторпат во дресот на Клуж

Евро-фудбал
Монако го претстави Пол Погба

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
