Connect with us

Зоран Андонов, второ засилување за Брегалница

Крилниот напаѓач Зоран Андонов е второ засилување за Брегалница низ зимскиот преоден рок пред продолжението на шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.


22-годишниот Андонов потпиша договор за соработка со „сините“ доаѓајќи од редовите на второлигашот Детонит Плачковица каде настапуваше во првиот дел од сезоната 2022/23.

Претходно, Андонов во својата кариера има настапи и за струмичка Беласица, како и за Кит Го Пехчево.

Брегалница се засили претходно и со фудбалерот од средниот ред на Скопје, поранешниот младински репрезентативец Давид Калпачки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови