Од Катар доаѓа сензационална вест, која ја објави угледниот весник „Ал Ража“, дека актуелниот селектор на Хрватска, Златко Далиќ, наскоро ќе стане селектор на репрезентацијата на Катар.
Според нивните информации, најуспешниот селектор во историјата на „коцкестите“ постигнал договор со Фудбалската федерација на Катар и во наредните денови ќе го замени Шпанецот Маркез Лопез.
Најверојатно останува само да се завршат административните формалности, по што 58-годишниот стратег ќе ја преземе клупата на азиската селекција.
Во меѓувреме, во Хрватска се шокирани од ваквите тврдења од Катар. Таму веруваат дека оваа сензационална вест е објавена само заради зголемување на читаноста, а Фудбалската федерација на Хрватска сè уште нема излезено со став за потенцијалното заминување на Далиќ.
Златко Далиќ со репрезентацијата на Хрватска освои светско сребро во 2018 година во Русија и бронза четири години подоцна, токму во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













