Connect with us

Златко Далиќ го објави списокот за ЕВРО 2024

Селекторот Златко Далиќ го објави списокот на фудбалери за Европското првенство кое започнува на 14 јуни. Далиќ на прелиминарниот список стави 26 играчи, а деветмина други имаат претповик. Изненадување меѓу нив се фудбалерот на Динамо, Петар Сучиќ и младиот напаѓач на Карлсруе, Игор Матановиќ.

„Имаше дилема за Влашиќ, но неговата состојба е многу подобра. Договорот е тој да се приклучи на 27 мај и, ако не е целосно подготвен на 1 јуни, ќе си оди дома, а потоа ќе повикаме некој друг. Се надевам дека никој друг нема да биде повреден“, изјави селекторот Златко Далиќ.


На неговиот список се наоѓаат следните имиња:

Голмани: Доминик Ливаковиќ (Фенербахче), Ивица Ивушиќ (Пафос), Недиљко Лабровиќ (Риека)

Одбрана: Јосип Јурановиќ (Унион Берлин), Јосип Станишиќ (Баер Леверкузен), Мартин Ерлиќ (Сасуоло), Јосип Шутало (Ајакс), Домагој Вида (АЕК), Марин Понграчиќ (Лече), Јошко Гвардиол (Манчестер Сити), Борна Соса (Ајакс)

Среден ред: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Марсело Брозовиќ (Ал Наср), Матео Ковачиќ (Манчестер Сити), Ловро Мајер (Волфсбург), Марио Пашалиќ (Аталанта), Лука Иванушец (Феенорд), Мартин Батурина (Динамо), Лука Сучиќ (Салцбург), Никола Влашиќ (Торино)

Напад: Анте Будимир (Осасуна), Андреј Крамариќ (Хофенхајм), Бруно Петковиќ (Динамо), Иван Перишиќ (Хајдук), Марко Пјаца (Ријека), Марко Пашалиќ (Ријека)

Дополнителни кандидати: Борна Баришиќ (Ренџерс), Дује Чалета-Кар (Лион), Кристијан Јакиќ (Аугсбург), Доминик Котарски (ПАОК), Тони Фрук (Ријека), Марин Љубичиќ (ЛАСК), Игор Матановиќ (Карлсруе), Нико Кристијан Сигур (Хајдук), Петар Сучиќ (Динамо).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови