Реал Мадрид влезе во победнички ритам по кризата што ја имаше на крајот на 2020, а тренерот Зинедин Зидан размислува и долгорочно. Тој сака да ги задржи капитенот Серхио Рамос, Лука Модриќ и Лукас Васкез на „Сантијаго Бернабеу“ и следната сезона.
Модриќ се согласи на намалување на платата и потпиша нов договор, а Серхио Рамос и Лукас Васкез се уште размислуваат и преговараат со раководството.
„Мојот став е јасен, Серхио Рамос е еден од нашите носители, лидер на теренот, капитен на тимот. Спортскиот дел воопшто не е спорен. Останува да се најде заеднички јазик за и тој да остане во Мадрид. Јас искрено би сакал работата да се заврши позитивно, и со него и со Лукас Васкез“, изјави Зинедин Зидан.
Францускиот стратег најави дека Еден Азар е подготвен за настап, но не знае колкава минутажа ќе добие на вечерашниот меч против Осасуна во Памплона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













