
Реал Мадрид доживеа елиминација од Лигата на шампионите, се бори за шампионскиот трофеј во Ла Лига, но на крајот може да остане со празни раце. Тоа го фрустрира Зинедин Зидан, кој имаше огромни маки оваа сезона со повредите на фудбалерите, а од Флорентино Перез поради пандемијата со коронавирусот не доби ниту едно засилување. Шпанските медиуми најавуваат дека на Зидан му е дојдено преку глава и дека сака да замине од „Сантијаго Бернабеу“ иако има договор и за следната сезона.
Како можни наследници на Зизу се споменуваат Јоаким Лев, актуелниот германски селектор кој ќе го напушти националниот тим после Европското првенство, како и Масимилијано Алегри. Флорентино Перез ќе го сочека крајот на сезоната и доколку Зидан одлучи да се повлече, ќе мора брзо да донесе ново решение.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski