
Андрес Иниеста (40) објави дека ја завршува својата фасцинантна фудбалска кариера. Шпанската легенда на светскиот фудбал, со солзи во очите, изјави дека заминува во пензија по повеќе од 20 години на теренот. За првиот тим на Барселона дебитираше уште во 2002 година и играше цели 16 години за клубот.
По тоа, пет години мина во Јапонија и една година во Обединетите Арапски Емирати. Иниеста освои сè со Барселона и со Шпанија, а на националниот тим му го донесе единствениот светски наслов со голот во финалето во 2010 година. Иниеста е икона на Барселона, но е омилен низ цела Шпанија. По објавата за заминување во пензија, Реал Мадрид му оддаде почит.
Тоа го направи и неговиот долгогодишен ривал, легендарниот играч и тренер Зинедин Зидан (52). Зидан со години водеше жестоки битки против Иниеста како играч и тренер, во дресот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Франција. Но, по повод пензионирањето на големиот ривал, изрази огромна почит.
На Инстаграм објави фотографија на која, како тренер на Реал, го прегрнува Иниеста, играчот на Барселона, и напиша: „Поради вакви играчи го сакаме фудбалот.“
Иниеста брзо му се заблагодари за тоа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski