
Зинедин Зидан на почетокот на следната сезона и се враќа на тренерската професија и треба да го преземе кормилото на Пари Сен Жермен. Легендарниот Французин наводно ги договорил сите детали за доаѓање на „Паркот на принцовите“ со првиот човек на парискиот клуб, Насер Ал Келаифи.
Стратегијата на ПСЖ е Зизу да го убеди и Килијан Мбапе да остане во клубот. Тој не сака да потпише нов договор и е на прагот да се пресели во Реал Мадрид идното лето како слободен агент. Сепак, Зидан е човекот на кого Мбапе многу му верува и своевремено токму тој инсистираше да биде доведен на „Сантијаго Бернабеу“.
Оваа вест уште повеќе добива на тежина затоа што ја објави новинарот кој летово прв ексклузивно обзнани дека Лионел Меси ќе пристигне од Барселона во Париз.
Маурисио Покетино, од друга страна, се повеќе гледа кон „Олд Трафорд“ и ќе очекува повик од раководството на Манчестер Јунајтед за да го преземе англискиот премиерлигаш по завршувањето на сезоната, кога Ралф Рангник, според договорот, треба да се повлече од функцијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?
