Реал Мадрид не успеа да го искористи киксот на Атлетико Мадрид и да се искачи на првото место на табелата во Ла Лига. „Кралевите“ одиграа само 2-2 против Севилја, се спасија од пораз во судиското продолжение, а решавачки момент на мечот можеби беше досудениот пенал за Севилја со ВАР-системот, откако на спротивната страна Карим Бензема заслужи пенал за Реал. Сепак, судијата ја врати акцијата и досуди пенал за Севилја за играта со рака на Милитао.
„Бесен сум и барав објаснување од судијата. Заслуживме многу повеќе на овој натпревар. Одигравме многу квалитетно второ полувреме и требаше да победиме. Вечерва имаше две играња со рака во шеснаесетник, едното е досудено, другото не е. Не сум бесен за пеналот, туку за нејаснотиите околу дефинирањето на правилата на играта“, изјави Зинедин Зидан по ремито со Севилја.
Реал Мадрид сега има 75 бода и се наоѓа на второто место, а првопласиран е Атлетико Мадрид со 77 бода, на три кола до крајот на првенството во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













