Connect with us

Жуниор ја врати Шкендија на победнички колосек, Вардар го сопре чекорот на Шкупи

Шкендија им се врати на победите, совладувајќи го Работнички со 1-0 на Градскиот стадион во Тетово. Стенио Жуниор со прекрасен гол во 53.минута, по проигрувањето од Агим Ибраими успеа да донесе три бода за актуелниот првак и лидер на табелата во Првата фудбалска лига.     

Вардар го победи Шкупи со 1-0 на стадионот „Борис Трајковски“. Дарко Мицевски од пенал беше стрелец на голот за „црвено-црните“ во 20.минута од мечот. Претходно, Лира заработи удар од белата точка откако беше соборен од Филип Ристовски во шеснаесетникот на гостите. 

Академија Пандев со 2-0 го совлада Силекс. Двоен стрелец беше Љупчо Дориев, и тоа двапати од пенал, во 22. и во 55.минута. 

Македонија ЃП ја доби Беласица на домашен терен во Ѓорче Петров со 2-1. Дејан Тантуровски во десеттата минута постигна гол за водство на „лавовите“, а Боби Божиновски во 76.минута со удар со глава зголеми на 2-0. Пепи Георгиев само постигна почесен гол за Беласица во 84.минута.  

Победа и Ренова беа најрасположени за голови, а бодовите ги освоија гостите (2-3). Бурхан Мустафов постигна два гола за Ренова за водство од 0-2, потоа Победа намали од пенал со голот на Ѓорѓи Танушев, но исто така од белата точка реализираше и Влатко Стојановски во 57.минута. Ѓорѓи Танушев постигна втор гол за да намали на 2-3.         

ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – ШКУПИ 1-0

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-0

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС 2-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА 2-1

ПОБЕДА – РЕНОВА 2-3

ТАБЕЛА: Шкендија 50, Академија Пандев 42, Вардар 42, Шкупи 33, Работнички 31, Ренова 30, Македонија ЃП 26, Силекс 24, Беласица 19, Победа 18. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови