
Бруно Лаж веќе не е тренер на Бенфика. Поразот од Карабах (2-3) на домашен терен во првото коло од Лигата на шампионите беше кобен за португалскиот стратег, кој го напушти клубот по спогодбен договор со претседателот Руи Кошта.
Со тоа заврши вториот мандат на Лаж на клупата на Бенфика, а португалскиот клуб потоа и официјално го потврди неговото заминување во соопштение објавено на клупската страница.
Само неколку часа по потврдата за заминувањето на Лаж, португалските медиуми објавија дека Бенфика постигнала принципиелен договор со Жозе Мурињо, кој би требало да ја преземе клупата на славниот лисабонски клуб.
Мурињо е без ангажман откако го напушти Фенербахче – токму по поразот од Бенфика во квалификациите за Лигата на шампионите.
Иронично, сега токму во Бенфика би можел да се врати на големата сцена. Мурињо ја започна својата кариера како прв тренер токму во Бенфика, далечната 2000 година, кога го водеше тимот само на десет натпревари пред да замине поради несогласувања со тогашното раководство.
Сепак, од тој краток период останува запаметена убедливата победа против Спортинг (3-0), која беше и последниот натпревар што го водеше за Бенфика.
Потоа следеше неверојатен тренерски напредок: Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид… Мурињо стана еден од најуспешните и најпрепознатливи тренери на 21 век. Во последните години ги водеше Тотенхем, Рома и Фенербахче, но без поголеми успеси, освен освојувањето на Конференциската лига со римскиот тим.
За Руи Кошта, доведувањето на Мурињо може да претставува и политички потег, имајќи го предвид сè поголемиот притисок во клубот и шпекулациите за можното враќање на Жоао Нороња Лопеш во трката за претседателската функција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
