Фудбалерот на Челси, Жоргињо, влезе во последната година од договорот со „сините“, а интерес за италијанскиот репрезентативец покажаа Јувентус и Лацио.
Според некои информации, Челси сакал да го вклучи играчот за врска во договорот со Јувентус за трансферот на Матијс де Лихт, за да го намали високото обештетување од над 100 милиони евра што го бара „старата дама“.
Сепак, агентот на 30-годишниот Жоргињо, Жоао Сантоп, даде изјава за италијанските медиуми и рече дека фудбалерот сака да остане на „Стемфорд бриџ“.
„На Жоргињо приоритет му е Челси. Договорот му истекува следното лето, за неговото продолжување ќе разговараме на почетокот на септември“, изјави Сантош.
Во иста ситуација покрај Жоргињо е и неговиот партнер од средниот ред, Нголо Канте, и на Французинот му истекува договорот следното лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













