
По капитенот Серхио Бускетс, уште еден легендарен фудбалер во изминатата деценија, Жорди Алба, ја напушта Барселона.
Левиот бек на крајот на сезоната ќе замине како слободен играч и кариерата ќе ја продолжи во друг клуб.
Се шпекулира дека тој прави голем гест кон Каталонците откако се согласи да се откаже од половина од парите што му се должат за задоцнети плати од избувнувањето на пандемијата досега.
Жорди Алба има 34 години и во актуелната сезона го загуби и стартното место на сметка на младиот Алехандро Балде.
Тој си заминува од „Камп Ноу“ со дури 18 трофеи, остварени на 458 натпревари. Во нив ветеранот има 27 гола и 99 асистенции.
Пред неколку недели се појави информација дека Жорди Алба е трансферна цел на Ал-Хилал, а се зборува и за интерес од Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal