Младата португалска ѕвезда Жоао Феликс би можел да го напушти Атлетико Мадрид на крајот од сезоната. Тој направи голем испад реагирајќи на замената што ја направи тренерот Диего Симеоне повлекувајќи го од игра во 60.минута од дерби – мечот против Реал Мадрид. Почна да ги шутира столчињата на резервната клупа и сериозно го загрози интегритетот на тренерот Симеоне.
Шпанските медиуми најавуваат дека тоа нема да му биде простено и најверојатно ќе мора да си замине од „Ванда Метрополитано“. Како негова следна дестинација се споменува Серија А и водечките клубови Јувентус и Интер. „Старата дама“ би можела да направи размена за Пауло Дибала, додека Интер е подготвен дури и да го испрати Лаутаро Мартинез во престолнината на Шпанија за да го добие Жоао Феликс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













