Connect with us

Жоао Феликс дојде на позајмица во Барселона

Жоао Феликс е нов фудбалер на Барселона. Преговорите меѓу Каталонците и Атлетико Мадрид завршија успешно и трансферот стана факт непосредно пред затворањето на преодниот рок во Шпанија.

Португалскиот интернационалец ќе игра во Барса како позајмен играч, а во договорот меѓу двата клуба нема откупна клаузула.

Важен детал е што Жоао Феликс пред да се пресели на „Камп Ноу“ го продолжи договорот со Атлетико на уште две години и прифати значително намалување на платата која сега целосно ќе ја преземе Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови