Високите температури во Италија може да го одложат стартот на сезоната во Серија А, бидејќи за фудбалерите нема да биде безбедно да играат во такви услови. Ова го изјави претседателот на Лигата, Лоренцо Казини. Првенството обично започнува кон крајот на август или почетокот на септември токму поради климатските услови.
Оваа година првенството треба да започне на 13 август, а во текот на летото ќе се одиграат уште многу натпревари поради Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во ноември и декември.
Во Италија, како и во многу европски земји, забележани се рекордни температури, има и жртви.
„Нашата прва грижа е климата, бидејќи доколку продолжат сегашните температури ќе биде многу тешко сезоната да започне на 13 август. Ќе биде несекојдневна сезона поради паузата за Светското првенство“, изјави Казини.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













