Литванскиот првак Жалгирис побарал од Струга Трим Лум промена на домаќинствата во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите поради тоа што во терминот ќе се одржува НАТО самит во Вилнус.
Според сегашниот календар, Жалгирис треба да биде домаќин на 11/12 јули, а токму тие два дена во Вилнус е закажан и НАТО самитот. Поради ова, ќе бидат многу лимитирани сместувачките капацитети, како и полициските сили, кои ќе бидат во служба и организација на НАТО.
Сепак, Струга ТЛ не е премногу расположена за промена на домаќинствата, смета дека првиот меч треба да го игра во Вилнус, а потоа да го пречека Жалгирис на домашен терен.
Победникот од овој двомеч ќе игра против турскиот гигант Галатасарај во второто коло од квалификациите за ЛШ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













