Connect with us

Земјотрес во Париз: Мбапе ја донел својата одлука

Килијан Мбапе одлучил да го напушти Пари Сен Жермен на крајот од оваа сезона.


Шпекулациите за заминување траат неколку години, па дури и последниве месеци, но сега потврда стигна од сигурни извори.


Новинарот Абделах Булма на својот Твитер објави ексклузива за конечната одлука на Мбапе да не потпише нов договор со парижаните, а на лето слободно да избере нова средина.


Постојат сите шанси неговиот следен клуб да биде Реал Мадрид, бидејќи овој извор тврди дека врската со Флорентино Перез никогаш не била нарушена и покрај тоа што Мбапе решил да потпише нов договор во 2022 година и да остане на „Паркот на принцовите“.


Се очекува Мбапе наскоро да ја соопшти својата конечна одлука на ПСЖ, а потенцијално да потпише и преддоговор со следниот клуб, што може да го стори шест месеци пред истекот на актуелниот договор.


Познато е дека Мбапе отсекогаш фантазирал за дресот на Реал, па доколку нема поголеми изненадувања, се очекува „кралевите“ да имаат бомбастичен напад – Винисиус, Родриго, Белингам и Мбапе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови