Connect with us

Зејнулаи: Сакаме да го сопреме Шкупи….Шеји: Ќе биде тешко против Работнички

Шкендија вчера лесно го освои Велес победувајќи го Борец, а тоа е дополнителен притисок за лидерот Шкупи кој денеска (14 часот) му гостува на Работнички на арената „Тодор Проески“. Двете екипи остварија победи на стартот, па сакаат и да ја продолжат низата.


„Натпреварот против Работнички ќе биде многу предизвикувачки и тежок. Имаат многу организиран и квалитетен тим, па очекувам многу тешки 90 минути. Го респектираме Работнички, но следејќи ги советите на нашиот тренер се надеваме и ќе се бориме за најдобар резултат за нас. Исто така, жалам што натпреварот ќе се одигра без присуство на публика и ќе ни недостасуваат „Шверцерите“. Тие се нашиот 12-ти играч, секогаш не мотивираат и постојано се до нас“, изјави лeвиот бек на Шкупи, Блертон Шеји.

„Романтичарите“ се надеваат дека можат да го сопрат лидерот. Арбин Зејнулаи најавува жестока борба на денешниот меч.

„Победивме на стартот против Пелистер, но сакаме да продолжиме со позитивни резултати во низа. Атмосферата во тимот е одлична и ќе се потрудиме да ја одржиме со добра игра и позитивен исход и против Шкупи. Тие се лидери и имаат квалитетен тим, но Работнички ќе се бори со сите сили за да го сопре Шкупи“, вели Арбин Зејнулаи.

Академија Пандев е фаворит на мечот против Скопје во Струмица, а Тиквеш го пречекува Пелистер во Кавадарци.

Ренова мотивирана по триумфот во Штип сака да ја продолжи низата и против Македонија ЃП во Тетово. Струга ТЛ ќе биде домаќин на Брегалница.

Вчера, Шкендија убедливо го совлада Борец на гости со 0-3.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО (14 часот)

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП

ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ

ВЧЕРА: БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 0-3

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови