
Македонскиот прволигаш Брегалница имаше релативно успешна сезона, но амбициите за следната се уште поголеми. Тренерот Горан Здравков најавува промени во тимот во претстојниот летен преоден рок.
„Промени во играчкиот кадар секако ќе има. Тимот досега го напуштија пет фудбалери на кои им завршија договорите со крајот на сезоната, а тоа се Даниел Мојсов, Милан Ѓокиќ, Александер Борха Кордоба, Адис Хаџановиќ и Дарко Додев кој почнува интернационална кариера. Но, веќе течат преговорите за продолжување на договорите со оние најдобрите во нашиот тим. Па, продолжен е договорот со Горан Силјановски, а во тек се разговорите и со голманот Немања Шчекиќ и Ѓорѓи Ѓорѓиев. Што значи концентрацијата е да се задржат играчите кои имаа успешни настапи изминатава сезона“, вели Здравков.
Во план се и неколку нови засилувања на клучните позиции за кои ќе има проценка дека се дефицитарни.
„Секако, ќе има и засилувања на тимот. Имаме свои планови и амбиции и веќе се почнати одредени разговори за засилувања. Но, мора да кажам дека најпрво целиот фокус ќе ни биде на актуелните фудбалери кои дадоа се од себе за тимот. Затоа се почнати и преговори со оние на кои им се завршени договорите. Но, се планираат и пет-шест засилувања кои, ние како стручен штаб, мора многу внимателно да ги одбереме затоа што ни е неопходен единствено квалитет. Мора да креираме тим кој ќе биде навистина конкурентен за следната сезона во исклучително силната лига каква се очекува. Желбата на тим како Брегалница секако ќе биде одржување на високото ниво на игра во домашниот шампионат“, истакнува шефот на стручниот штаб, Горан Здравков.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе
