Хрватска беше на прагот да го победи европскиот првак Италија, но во 98.минута се појави Матија Закањи и постигна гол за израмнување, 1-1. “Аѕурите” покажаа дека умеат да играат до крај, а Хрватска уште еднаш испушти победа во последните мигови.

Лука Модриќ погоди во 55. минута на одбиена топка од Донарума, а само една минута претходно не успеа да реализира пенал, италијанскиот голман го одбрани неговиот удар од белата точка. И кога Хрватите беа на прагот на осминафинале, повторно примија гол во последен час, како и против Албанија.
Шпанија славеше и против Албанија со 1-0 и со максимални девет бода го освои првото место во групата. Феран Торес во 13. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













