Connect with us

Захариевски ќе ја предводи Струга ТЛ и следната сезона

Македонскиот прволигаш Срѓан Захариевски останува шеф на стручниот штаб на Струга Трим Лум и во наредната сезона. Тој потпиша договор со раководството на клубот до јуни 2023 година.


„На овој начин го продолжуваме нашето патување со истиот тренер со кој го постигнавме најголемиот успех во претпоследното издание, настапот на меѓународната сцена, што годинава ќе биде и наша главна цел. Захариевски на чело на нашата екипа седна на 12 март 2020 година, предводејќи го нашиот тим на вкупно 68 натпревари. Со Захариевски на кормилото броиме 27 победи, 24 нерешени и 17 порази. Во наредните денови ќе ве информираме за нови трансфери на играчи, но и за продолжување на договорите“, велат од Струга Трим Лум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови