Струга Трим Лум и Брегалница одиграа 1-1, но резултатот на овој меч останува во втор план по сериозната повреда што ја заработи Томе Китановски. Дефанзивецот на домашниот тим се здоби со скршеница на раката и уште во почетниот дел од натпреварот беше итно пренесен во болница.
Тренерот Срѓан Захариевски вели дека по повредата на Китановски се друго било во втор план.
„Резултатот на крајот е реален. Имавме повеќе шанси, успеавме да израмниме, а до последен момент бркавме и победа. Но, се паѓа во втор план по скршеницата што ја заработи Томе Китановски, на кого му посакувам брзо заздравување“, изјави Захариевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













