Шпанскиот четвртлигаш Тондела загуби на домашен терен, но напаѓачот Рубен Толедо набрзо го доживеа најрадосниот момент. Неговата девојка Клаудија го запроси по натпреварот.
Иако најчесто мажите клекнуваат на колена и ја запросуваат партнерката, овојпат на фудбалскиот терен на Тондела се случи спротивното.
Клаудија влезе на теренот и пред сите, соиграчите, тренерите, противниците, клекна и побара од Рубен да се ожени со неа. Секако, го отвори прстенот и чекаше одговор.
Фудбалерот плачеше од среќа, но набрзо се собра и рече „ДА“, а потоа следуваше громогласен аплауз од неговите соиграчи и сите присутни на стадионот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













